Татко на обвинет за нападот во Москва вели дека синот рекол дека се враќа дома
Баротали Мирзоев вели дека неговиот син му кажал на семејството два дена пред нападот во Крокус во близина на Москва дека се враќа дома во Таџикистан. Далерјон Мирзоев, кој работел во Русија од октомври, е еден од четворицата Таџикистанци обвинети за извршување на нападот во кој беа убиени 144 лица.