Минатата недела слушнавме изјави дека во земјава се подготвува некакво „руско сценарио“. Каква е вашата проценка, каква е безбедносната состојба во овој предизборен процес?
Суштински проблем е зошто токму владата флагрантно го крши законот и тоа законот за влада особено одредбите кои се поврзани со изборите и при тоа се дрзнува да не ми дозволи мене како министер кој е предложен од страна на опозицијата, да постави началник само на еден сектор за внатрешни работи, а тоа е СВР Тетово. При тоа да не му дозволи на дополнителниот заменик министер кој што доаѓа од редовите на СДСМ да постави дополнителен началник на СВР Тетово, кое што е надлежно да се грижи за безбедноста и за фер и демократски избори токму на реонот Тетово, Гостивар и околината.
Зошто вам ви е битно да се промени овој началник на СВР Тетово од една страна, а од друга страна што сметате која е заднината за што пак не е ставен потпис за промената на началникот?
За ВМРО ДПМНЕ е битно да се спроведува законот и сите да сме еднакви пред него. Сите да постапуваме согласно одредбите на законот. Принципиелен став на министер за внатрешни работи е да побара сите сектори да бидат гарантор за фер и демократски избори. Јас не го побарав само СВР Тетово, ги побарав и СВР Охрид, Битола Велес, Куманово и сите останати. Прашањето е зошто владата донесе таква одлука, само СВР Тетово да не биде дел од овој процес на фер и демократски избори. Зошто владата одлучи да го крши законот за влада, а при тоа не даде никакво правно образложение. На прашање од новинар, се дрзна да ги потцени граѓаните и рече дека тоа не било дискутирано на отворена седница на влада. Јас не побарав конкретно име и презиме, дополнителниот не побара конкретно име и презиме. Ние со заеднички потпис побаравме измена на систематизација. Каде е проблемот? Кога владата нема да ви дозволи конкретна позиција да јас променам началник, а дополнителниот да постави дополнителен началник, не може да не се сомневате дека станува збор за некоја сомнителна работа во најмала рака кажано.
Но, што гледате како заднина во ваквата одлука?
Дали не е сомнително, зошто човек кој до пред месец дена бил на повисока позиција во МВР и со плата и со бодови, е преместен да биде токму началник на СВР Тетово.
Бевте на средба со началникот на СВР Тетово, што разговаравте таму?
Културна, професионална средба, побарав постапување согласно законот, побарав максимална фокусираност, МВР да е сервис на граѓаните. Побарав се што ми е во рамки на моите ингеренции како министер за внатрешни работи.
Добивте гаранција дека нема да се злоупотребува СВР Тетово во изборите?
Да вербално добив гаранција, но кога ја гледате пошироката слика генералната слика, овие клучни делови од мозаикот не може да не ви создадат сомнеж. Еве пак ќе прашам зошто имаше потреба на месец до месец и половина пред моето назначување овде да биде ставен началник на СВР Тетово кој бил на повисока работна позиција и доаѓа од БЈБ и да е назначен токму за началник на СВР Тетово. При тоа на овој прв чекор да следува втор каде што Владата ќе го крши законот и да не го смени.
Кои се сега вашите механизми?
Моите механизми се, во рамки на одредбите од законот кои се насочени кон овозможување на соодветни предуслови, да сториме се што можеме за да имаме фер и демократски избори. Максимално да го засилиме тој дел таму со полициски службеници, да побараме поддршка од нашите меѓународни партнери, ОБСЕ ОДИХР изразија огромна загриженост за овој факт, тој дел ќе биде засилено покриен и со набљудувачи од нивна страна.
Како вие ја толкувате терминологијата која се користеше во изјавите? Што може да значи „руско сценарио“?
Сега ќе говорам во однос на ВМРО ДПМНЕ, тотално е несериозно и е крајно политиканство како и политичка злоупотреба ВМРО ДПМНЕ да биде обвинувана во оваа насока. Знаеме дека ВМРО ДПМНЕ е првата партија која прецизно и јасно има дефинирано во својот статут каде се гледа себе си и каде ја гледа државата а тоа е се разбира како дел од европското семејство и дел од НАТО и никако поинаку. За тоа мислам дека е обид за манипулација на граѓаните, било како да се поврзува ВМРО ДПМНЕ.