Достапни линкови

Трет ден од руските претседателски избори со протести „Пладне против Путин“


Русија - Толјати - Ред на гласачко место во „Пладне против Путин“
Русија - Толјати - Ред на гласачко место во „Пладне против Путин“

Во Москва, Санкт Петерсбург и други градови низ цела Русија точно напладне се формираа долги редици пред гласачките места во знак на протест против Путин на последниот ден од претседателските избори. Извесно е дека изборите се креирани Владимир Путин да добие уште шест години владеење.

Илјадници Руси се чини дека се приклучија на повикот на опозицијата за протести со собирање на избирачките места на пладне по локално време, додека се одржуваат претседателските избори дизајнирани да му доделат на Владимир Путин уште шест години во Кремљ.

Долги редици се формираа во Москва, Санкт Петербург и на други места додека десетици луѓе беа уапсени на собирите „Пладне против Путин“, кои беа поддржани од опозицискиот лидер Алексеј Навални ц.

Пред неговата смрт, најсилниот критичар на Кремљ и лидер на опозицијата Алексеј Навални повика на протести. Тој изрази надеж дека гласањето ќе биде искористено да се изрази јавното незадоволство од војната во Украина и владеењето на Путин.

Тој ги повика гласачите да гласаат точно напладне, а акцијата ја нарече „Пладне против Путин“.

По неговата смрт, неговата сопруга и други продолжија да повикуваат на протести.

На повикот одговорија гласачите низ целата земја. Видеата и сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат долги редови на гласачи кои се формираат напладне во Новосибирск, Чита, Екатеринбург, Перм и Москва и други градови. Протестите се одржаа со силно полициско присуство.

Кремљ ги предупреди луѓето да не учествуваат во, како што ги нарече, неовластени собири. Се јавува за десетици апсења додека се одржуваа протестите низ Русија.

Московското обвинителство се закани дека ќе ги гони оние за кои сметаат дека го попречуваат изборниот процес.

Денеска (17.03.2024 год) е трет и последен ден од гласањето на претседателските избори низ Русија

Руските претставници од избирачките тела изјавија дека приближно половина од 114 милиони гласачи во земјата гласале до пладне на 16 март преку Интернет или лично.

Во текот на првите два дена од гласањето, некои го изразија гневот на авторитарното владеење на Путин со уништување на гласачките кутии со зелена антисептичка боја. Руски официјални лица и независни медиуми соопштија дека се пријавени 28 случаи.

Слични инциденти се забележани во најмалку девет градови, меѓу кои Санкт Петербург, Сочи и Волгоград.

Во Москва, полицијата уапси жена која на 15 март го запалила гласачкото ливче во гласачката кабина, објавија руските новински агенции, повикувајќи се на претставници на изборите во руската престолнина.

Ела Памфилова, шеф на изборната комисија, на 16 март изјави дека имало 20 случаи на обиди за уништување гласачки ливчиња со истурање течност во гласачките кутии и осум инциденти во кои луѓето се обиделе да ги уништат гласачките ливчиња со палење или употреба на димни бомби. Според извештаите на независните медиуми, до пладне на вториот ден од гласањето, полицијата отворила најмалку 15 кривични истраги за случаи на вандализам. Се очекува тој број да расте.

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност, рече дека оние што протестираат против изборите се „негативци“ и „предавници“ кои им помагаат на непријателите на земјата, особено на Украина.

Путин (71), кој е континуирано на позицијата претседател или премиер во последните речиси 25 години, се натпреварува со тројца помалку познати политичари: лидерот на Либерално-демократската партија Леонид Слуцки, заменик-претседател на Државната дума. Владислав Даванков од партијата Нови луѓе и пратеникот на Државната дума Николај Харитонов од Комунистичката партија, чии политички позиции речиси не се разликуваат од Путиновите.

Минатиот месец, Централната изборна комисија на Русија ја отфрли кандидатурата на Борис Надеждин, 60-годишен политичар кој ја критикуваше руската агресија врз Украина.

Неговата кандидатура е одбиена поради, како што објаснува Комисијата, неважечки потписи за поддршка на неговата кандидатура. И покрај неговите жалби, Врховниот суд на Русија ја потврди одлуката на Изборната комисија.

Украинската и западните влади ја осудија Русија за одржувањето на гласањето во окупираните делови на Украина, нарекувајќи го нелегално.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш ги осуди напорите на Русија да „одржи претседателски избори во областите на Украина окупирани од Руската Федерација“.

Многу набљудувачи велат дека Путин ги одбрани дури и најслабите предизвикувачи за да обезбеди голема победа што може да ја наведе како доказ дека Русите ја поддржуваат војната во Украина и неговото раководење со неа. Во меѓувреме, Украина ги засили нападите врз Русија пред изборите, вклучително и напади длабоко во земјата.

XS
SM
MD
LG