Наде Молеровиќ долгогодишен просветен работник, директорка во две основни училишта која и никогаш не престанала да биде учител.
Молеровиќ вели „Отсекогаш ми било многу поважно какви луѓе ќе станат моите ученици отколку какви оценки ќе добијат на тестовите“.
Со оглед на нејзиното големо искуство во просветната дејност со неа во „Зошто“ зборуваме за образованието, за младите, за тоа каква младина создава денешното општество, за реформите во образовниот сектор и улогата на технологијата, модерните помагала односно клучната разлика меѓу образованието пред 30 - тина години и денеска.
Главна забелешка за реформите е избрзувањето на моделите кои се воведуваат, без претходно тестирање „Зошто не се одберат неколку училишта па прво да се види како функционира Кембриџ на пример, па ако е добро тоа да се воведе на ниво на цела држава. Или пак, вели Молеровиќ, „најпрвин треба да се подготват наставниците и професорите да бидат едуцирани за системот кој им е даден како задача да го применат“.
Тоа е една од причините и за се понегативните оценки за нивото на образование на македонските деца од ПИСА – а зошто? Затоа што вели Молеровиќ, иако одамна нашите ученици се тестирани за ПИСА тестовите, не е направена анализа за тоа што треба да се направи, поправи да биде подобро!
Со Наде Молеровиќ во Зошто разговараме и за недостигот на педагошката компонента и улогата на семејството, за промоцијата на ликови, приказни, идеологии, вулгарности кои имаат штетни ефекти врз благосостојбата на поединците, младите и целокупното морално ткиво на заедницата на социјалните мрежи.
Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.