„Не ги даваме гласовите“ - протест на опозицијата во Белград
„Не ги даваме гласовите“, извикуваа демонстрантите во центарот на Белград, барајќи поништување на изборите во Белград, одржани на 17 декември. На протестот претставниците на коалицијата „Србија против насилството“, тврдеа дека победата на владејачката Српска напредна партија (СНС) во Белград е резултат на изборна кражба.