Достапни линкови

Извештај на ЕК: Нема напредок во судството и борбата против корупцијата во Северна Македонија


UKRAINE-CRISIS/EU
UKRAINE-CRISIS/EU

Нема напредок во судството и во борбата со корупцијата, се наведува во најновиот извештај на ЕК за напредокот на нашата земја. Во голем мера влијание на тоа имале и измените на Кривичниот законик, што беа изгласани во брза собраниска процедура, пишува во извештајот.

„Нема напредок во судството минатата година. Судскиот систем останува на одредено и умерено ниво на подготовка. Судскиот советот треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и треба да се спротивстави на секое надворешно влијание. Загриженост за несоодветно политички влијание предизвика контроверзното разрешување на претседателката на Судскиот совет. Има застој и во усвојувањето на новата стратегија за реформи во правосудството, со кои треба да се подобри работата на институциите,“ се наведува меѓудругото во извештајот.

Не е постигнат напредок, ниту во борбата против корупцијата. И во овој дел „земјата е меѓу одредено и умерено ниво на подготовка во превенцијата и борба против корупцијата“.

Од ЕК истакнуваат дека корупцијата останува распространета во многу области и како што велат, ова прашање е загрижувачко.

„Кривичниот закон беше изменет во брза собраниска процедура. Максималните законски казни за конкретни кривични дела поврзани со корупција беа намалени, што влијаше на застарување, запирање, па дури и прекинување на голем број на случаи на корупција на високо ниво, вклучително и на случаи од поранешното Специјално јавно Обвинителство (СЈО). Измените, исто така, ја попречуваат способноста на властите да истражуваат и гонат такви дела. Ова е прашање на сериозна загриженост,“ се забележува во извештајот.

ЕК оценува дека Државната комисија за спречување на корупцијата била проактивна во давањето насоки на јавните институции за спречување на корупцијата и отворила неколку случа. Додаваат дека препораките треба да се почитуваат и да продолжат напорите за подобрување на функционирањето на ДКСК, да им се дадат дополнително пари и да се вработат експерти.

XS
SM
MD
LG