Масовна депортација на авганистански бегалци од Пакистан
Авганистанските бегалци во Пакистан масовно се враќаат дома, бидејќи, пакистанските власти им поставија рок до 1 ноември, да си заминат или ќе бидат насилно депортирани. Пакистанските власти наредија околу 1,7 милиони авганистански бегалци без документи доброволно да заминат или ќе се соочат со депортација. Но, многу од нив велат дека ќе се соочат со сериозна опасност од талибанците во Авганистан.