„Алопецијата ми ја зема косата, но веќе не се кријам“
Триесетичетиригодишната Катерина Андова веќе 20 години живее со автоимуното заболување алопеција, поради кое нема коса, ниту трепки и веѓи. За веѓите нашла решение со трајна шминка, но за растење на косата и трепките трајно решение нема, а го барала цели 20 години, додека во јавност се криела под марамите. Последниве шест месеци излегува од дома без марама, сигурна во себе и подготвена да се соочи со љубопитноста на сограѓаните. Оваа економистка е родена во Демир Капија, a живее во Неготино, каде, вели, редовно се среќава со зачудени погледи на кои веќе навикнала.