Мајка на момче киднапирано од Хамас: Сакам да верувам дека е жив
На 7-ми септември синот на Рејчел Голдберг, отишол на музичкиот фестивал Нова во Израел. Фестивалот беше една од целите на нападите без преседан на милитантите на Хамас во кој загинаа над 1300 лица. Голдберг има сознанија дека нејзиниот син е киднапиран од радикалната група. Верува дека тој е сѐ уште жив и се надева дека ќе се врати дома.