Словачката политика спрема Украина можеби ќе остане иста
Поранешната словачка премиерка Ивета Радичова вели дека победата на партијата која ветува дека ќе ја прекине воената поддршка за Украина, на изборите на 30 септември, можеби нема да резултира со суштински промени. Говорејќи за РСЕ на 2 октомври, таа посочи дека главниот потенцијален коалициски партнер на партијата Смер побарал таквата помош да продолжи. Радичова додаде дека во Словачка има „замор“ поради војната во Украина, но не повеќе отколку во другите европски земји.