„Поплава“ од ерменски бегалци од Нагорно Карабах
Според властите во Ереван, повеќе од половина од населението од 120.000 етнички Ерменци кои живееја во Нагорно-Карабах побегнале во Ерменија. Патувањето за излез од регионот погоден од криза може да потрае со денови и многумина пристигнуваат исцрпени и гладни. Ерменските доброволци прават се што можат за да им пружат помош на десетици илјади раселени луѓе.