Настаните на денот низ фотографии - 4 септември 2023
Политика и јајца
![МАКЕДОНИЈА - Медицинска сестра фатена во повторен обид за кражба на Онкологија, беше веднаш отстранета и повеќе не стапна во институцијата, изјави медицинскиот директор на УК за онкологија и радиотерапија, Виолета Клисаровска, појаснувајќи дека станувало збор за медицинска сестра во дневната болница и не била директно поврзана со припрема на лековите.](https://gdb.rferl.org/01000000-0aff-0242-7bfb-08dbad52049a_w1024_q10_s.png)
5
МАКЕДОНИЈА - Медицинска сестра фатена во повторен обид за кражба на Онкологија, беше веднаш отстранета и повеќе не стапна во институцијата, изјави медицинскиот директор на УК за онкологија и радиотерапија, Виолета Клисаровска, појаснувајќи дека станувало збор за медицинска сестра во дневната болница и не била директно поврзана со припрема на лековите.
![МАКЕДОНИЈА - Од вкупно 126 учебници за сите задолжни и изборни предмети во деветгодишно основно образование, на почетокот од новата учебна година, Министерството за образование и наука (МОН) не обезбедило 43, односно недостигаат 34 отсто од вкупниот број учебници. По сите наставни предмети и на сите наставни јазици, учебници ќе имаат само учениците во прво и второ одделение, соопшти денеска Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), врз основа на списокот со податоци што на нејзино барање бил доставен од МОН.](https://gdb.rferl.org/01000000-0aff-0242-8e34-08dbad42a563_w1024_q10_s.png)
6
МАКЕДОНИЈА - Од вкупно 126 учебници за сите задолжни и изборни предмети во деветгодишно основно образование, на почетокот од новата учебна година, Министерството за образование и наука (МОН) не обезбедило 43, односно недостигаат 34 отсто од вкупниот број учебници. По сите наставни предмети и на сите наставни јазици, учебници ќе имаат само учениците во прво и второ одделение, соопшти денеска Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), врз основа на списокот со податоци што на нејзино барање бил доставен од МОН.
![ИРАН - Иран го забави збогатувањето на ураниум на ниво блиску до оние потребни за производство на нуклеарно оружје, се вели во извештајот на нуклеарната агенција на Обединетите Нации. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), исто така, изрази жалење што Иран не постигна „никаков напредок“ во решавањето на отворените прашања, вклучително и инсталирањето на повеќе камери за следење на развојот на неговата нуклеарна програма.](https://gdb.rferl.org/4ca461cc-2b29-4a58-9291-b7b197a532bc_w1024_q10_s.jpg)
7
ИРАН - Иран го забави збогатувањето на ураниум на ниво блиску до оние потребни за производство на нуклеарно оружје, се вели во извештајот на нуклеарната агенција на Обединетите Нации.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), исто така, изрази жалење што Иран не постигна „никаков напредок“ во решавањето на отворените прашања, вклучително и инсталирањето на повеќе камери за следење на развојот на неговата нуклеарна програма.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), исто така, изрази жалење што Иран не постигна „никаков напредок“ во решавањето на отворените прашања, вклучително и инсталирањето на повеќе камери за следење на развојот на неговата нуклеарна програма.
![УКРАИНА - Украина во понеделникот соопшти дека руски беспилотни летала се урнале и детонирале на територијата на Романија, земја членка на НАТО за време на нападот на украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав, но Букурешт категорично ја демантираше информацијата. Москва редовно изведува воздушни напади со долг дострел врз цели во Украина, која граничи со Романија.](https://gdb.rferl.org/01000000-0aff-0242-70f6-08dbad3e7346_w1024_q10_s.jpg)
8
УКРАИНА - Украина во понеделникот соопшти дека руски беспилотни летала се урнале и детонирале на територијата на Романија, земја членка на НАТО за време на нападот на украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав, но Букурешт категорично ја демантираше информацијата.
Москва редовно изведува воздушни напади со долг дострел врз цели во Украина, која граничи со Романија.
Москва редовно изведува воздушни напади со долг дострел врз цели во Украина, која граничи со Романија.