Достапни линкови

Напад со украински дронови на шест руски региони, Москва возврати врз Киев


илустрација
илустрација

Украински беспилотни летала гаѓале шест руски региони во средата рано наутро во најголемиот координиран напад со беспилотни летала од почетокот на војната.

Во Псков, каде беа оштетени четири воени авиони, регионалниот гувернер Михаил Ведерников ги откажа сите летови до и од аеродромот додека не се процени штетата.

Непотврдени извештаи наведуваат дека меѓу 10 и 20 дронови го нападнале аеродромот.

„Неколку беспилотни летала беа соборени над Ориол, Брјанск, Рјазан, Калуга и московскиот регион околу руската престолнина“, соопшти Министерството за одбрана на земјата.

Најсилниот руски напад врз Киев од пролетта, двајца загинати

Двајца млади мажи загинаа од урнатините што паднаа по големиот напад на руски ракети и беспилотни летала врз Киев, објави локалната воена администрација во средата наутро.

„Како резултат на урнатините што паднаа во квартот Шевченковски во Киев, според првите извештаи загинаа две лица“, напиша на Телеграм шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко.

„Киев нема доживеано толку силен напад од пролетта“, додаде Попко.

Тој рече дека неколку дронови патувале кон Киев „од различни правци“, а подоцна проектили биле лансирани кон градот од стратешките бомбардери Ту-95МС.

Силите за воздушна одбрана уништија повеќе од 20 „непријателски цели“, рече тој.

Уште едно лице е повредено на кое му е укажана лекарска помош, додаде тој.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм напиша дека „најдени се двајца мртви мажи“ во нестанбена зграда.

Тој не прецизираше како загинале и дали станува збор за истите двајца пријавени од воената управа на градот.

Регионалната воена администрација претходно предупреди на ракетен напад и рече дека воздушната одбрана работи. Новинар на АФП објави дека слушнал најмалку три силни експлозии во центарот на Киев околу 5 часот наутро по локално време.

XS
SM
MD
LG