Бугарија не му дaва азил на истакнат руски активист
Рускиот опозициски активист Александар Стоцки се соочува со депортација откако Бугарија не му даде политички азил. Тој им се придружува на десетиците Руси на кои владата во Софија им ги одби барањата. Дваесет и седум годишниот активист вели дека може да биде испратен во војна или затвор ако биде принуден да се врати во Русија, но бугарскиот суд пресуди дека Стоцки не се соочува со сериозна закана доколку се врати во Русија.