Павел: „Доколку НАТО директно се вклучи во војната во Украина, Русија веројатно ќе употреби нуклеарно оружје“
Пристапувањето на Украина во Европската унија и НАТО е веројатно единствената гаранција за тоа како да се обезбеди стабилност во тој регион, изјави чешкиот претседател Петр Павел во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ). Кога станува збор за евентуалното учество на војници од земјите-членки на НАТО, Павел изјави дека секое вклучување на воена сила „по дефиниција“ би значело влегување во војна со Русија.