УНХЦР: Рекорден број на бегалци и принудно раселени во светот
УНХЦР, во најновиот извештај, наведува дека минатата година бројот на бегалци и принудно раселени лица во светот достигнал нов рекорд и повикува на итна акација за решавање на овој глобален проблем. На крајот на минатата година овој број изнесувал 108,4 милиони, што е за 19,1 милион повеќе во однос на претходната година.