Достапни линкови

Зеленски: Украина ја почна контраофанзивата


Володимир Зеленски
Володимир Зеленски

„Во Украина се одвиваат контраофанзивни и одбранбени акции“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција во Киев со канадскиот премиер Џастин Трудо

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека украинската армија започнала контраофанзива долж фронтот.

„Во Украина се одвиваат контраофанзивни и одбранбени акции“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција во Киев со канадскиот премиер Џастин Трудо.

Тој не сакаше да даде детали за фазата на контраофанзивата.

Неговите коментари оставија отворени прашања за тоа дали ова е почеток на долгоочекуваната украинска контраофанзива за заземање на украинските територии под руска окупација.

Трудо, кој пристигна во Киев претходно на 10 јуни во ненадејна посета, најави нов пакет воена помош од 500 милиони канадски долари (375 милиони американски долари) и рече дека Канада ќе учествува во мултинационалните напори за обука на украински пилоти за борбени авиони Ф-16.

Канада, исто така, ќе испорача 287 дополнителни проектили за противвоздушна одбрана на украинската војска и 10.000 проектили од 155 милиметри, рече премиерот.

Канада веќе обезбеди милијарди долари помош, вклучително и 1 милијарда канадски долари (750 милиони американски долари), рече тој, додавајќи дека народот на Украина „може да смета на Канада да продолжи со својата политичка, финансиска, хуманитарна и воена поддршка онолку долго колку што е потребно“.

Трудо, исто така, на прес-конференција рече дека Канада го запленува товарниот авион Антонов во руска сопственост, кој слета во Канада минатата година и го започнува процесот на предавање на авионот на Украина.

Кабинетот на Зеленски соопшти дека двајцата лидери усвоиле декларација за време на посетата на Трудо во која се истакнува дека Канада останува цврста во својата посветеност на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

XS
SM
MD
LG