Украинските деца кои Русија ги однесе на Крим се вратија кај родителите
Фондацијата „Спаси ја Украина“ врати дома 17 деца од Украина кои руските власти ги одведоа во анектираниот Крим. Нивните родители биле убедени од окупаторските сили во регионот Херсон да ги испратат своите деца во летен камп на Крим за да избегаат од војната. Децата рекоа дека руските сили ги натерале за да ја пеат руската химна, дека им го го запалиле украинското знаме и ги тепале доколку изразат поддршка за Украина.