Долги и тешки преговори во Охрид меѓу Косово и Србија
По 12 часовни средби во Охрид, Косово и Србија постигнаа договор за тоа како да го спроведуваат договорот за нормализирање на меѓусебните односи. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека ништо не потпишал. Косовскиот премиер Албин Курти оцени дека договорот е де факто признавање.