Граѓани, делегации и полиција на чествувањето на Делчев
Под силно полициско обезбедување и со претрес, државни, партиски и граѓански организации дојдоа на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев по повод годишнината од неговото раѓање. Голем број граѓани останаа под скопското Кале, недалеку од црквата Св. Спас, каде е гробот на Делчев

1
Граѓани собрани под скопско Кале, во близина на црквата Св. Спас каде се организираше чествувањето на годишнината од раѓањето на Делчев

2
Претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, претставници на политичките партии, здруженија и организации претпладне положија цвеќе на гробот на Делчев

3
Претседателот Стево Пендаровски на гробот на Гоце Делчев

4
Премиерот Димитар Ковачевски и владина Делегација на гробот на Гоце Делчев