Граѓани, делегации и полиција на чествувањето на Делчев
Под силно полициско обезбедување и со претрес, државни, партиски и граѓански организации дојдоа на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев по повод годишнината од неговото раѓање. Голем број граѓани останаа под скопското Кале, недалеку од црквата Св. Спас, каде е гробот на Делчев

5
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со партиска делегација на гробот на Гоце Делчев

6
На полициските пунктови под скопското Кале, на улицата која води кон црквата Св. Спас ги претресуваа граѓаните кои сакаа да одат на гробот на Делчев

7
Полицијата на посебни пунктови вршеше проверка на граѓаните кои сакаа да одат на гробот на Делчев

8
На граничниот премин кај Делчево не беа регистрирани поголем број преминувања од Бугарија кон Македонија