Достапни линкови

Грузиски војник во украинските сили против Русија - „Имаме заеднички непријател“


„Она што ме убеди е дека оваа војна не е само за Украина, па дури и на Грузија, туку на целиот свет“, вели Вадим Чхетиани, кој беше ранет борејќи се во Украина.
„Она што ме убеди е дека оваа војна не е само за Украина, па дури и на Грузија, туку на целиот свет“, вели Вадим Чхетиани, кој беше ранет борејќи се во Украина.

Се верува дека стотици етнички Грузијци се борат во Украина заедно со силите на Киев, особено со Грузиската легија. Но, некои податоци покажуваат дека Грузијците умираат во поголем број за разлика од странските борци во Украина од која било друга националност. Пишуваат: Коба Ликликадзе, Нино Тархнишвили, Тони Весоловски.

Грузиецот Вадим Чхетиани лежи во болнички кревет во Украина, закрепнувајќи од сериозна повреда што ја претрпел во земјата во септември, додека се борел со своите сонародници, но и со други странци и Украинци против инвазијата на руските сили.

„Тука е ова село наречено Јампил. Бевме нападнати од окупаторите. Експлодираше граната и шрапнел ме погоди главата. Ме однесоа во болница и ми ја зашија раната и се вратив на линијата на фронтот“, изјави Чхетиани за грузискиот сервис на РСЕ случувањето во село во источниот регион Доњецк во Украина.

Неговото враќање на бојното поле било прекинато, вели тој, кога неговото здравје наеднаш се влошило, со што бил принуден да продолжи со рехабилитација во болница за да закрепне.

45-годишниот Чхетиани е припадник на вооружените сили на Украина, војник кој служи во единицата на 128-та планинска напаѓачка бригада.

Се верува дека стотици етнички Грузијци се борат во Украина со силите на Киев, особено со Грузиската легија - борбена сила која со години е активна во Украина и ја сочинуваат, не само етнички Грузијци, туку и други странци.

Грузиската легија беше формирана во 2014 година, откако Русија почна да поттикнува немири во источниот, индустриски регион Донбас, веднаш откако Кремљ нелегално го анектираше Крим.

Грузиската легија на крајот беше интегрирана во вооружените сили на Украина.

Се смета дека бројот на силите е од 800 до 1.000, приближно рамномерно поделени меѓу етнички Грузијци и мешавина од други националности.

Украински војник носи граната со писмена порака до руската армија на позицијата на фронтот кај Бахмут на 27 октомври.
Украински војник носи граната со писмена порака до руската армија на позицијата на фронтот кај Бахмут на 27 октомври.

Грузиската легија неодамна претрпе неколку загуби околу Бахмут, град во источниот регион Доњецк кој беше погоден од руската војска во последните недели.

Набргу откако рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна руска инвазија врз Украина на 24 февруари, украинскиот претседател Володимир Зеленски упати апел до странците да земат оружје за да ја одбранат неговата земја.

Властите во Киев отворија веб-страница за да го олеснат процесот.

Украина соопшти дека илјадници доброволци од десетици земји одговориле, иако некои изразуваат сомнеж во тие бројки.

Иако тешко може да се каже колкав е точниот број на странски борци во Украина, бројките за жртвите изгледаат посигурни.

Една табела покажува дека Грузијците, чие население во земјата е околу 3,7 милиони, умираат во поголем број од која било друга националност.

Во еден од последните, но и најсмртоносни инциденти, пет Грузијци беа пријавени за убиени, во акција на почетокот на декември во близина на Бахмут, во источниот регион Донбас.

Бахмут, град со население од 80.000 луѓе пред почетокот на инвазијата на Русија во февруари, стана симбол на масовната војна што се одвива долж поголемиот дел од источниот фронт, каде што непријателските позиции ретко се поместуваа повеќе од неколку стотици метри во последните недели.

Мамука Мамулашвили е основач и командант на Грузиската легија.
Мамука Мамулашвили е основач и командант на Грузиската легија.

Воените експерти велат дека Бахмут се чини дека има мала стратешка вредност, но руските сили, вклучително и платениците кои се борат за групата Вагнер, во последните денови го интензивираа своето бомбардирање.

„Грузиски доброволци загинаа опкружени во близина на Бахмут. Тоа беа момци од Грузија кои се бореа за Украина како дел од волонтерскиот баталјон Карпати Сич (историска референца за областите под контрола на Козаците.) Момците беа опколени. Тие одбија да се предадат на напаѓачите, Русите ги погодија со силен артилериски оган“, објасни Мамука Мамулашвили - основач и командант на Грузиската легија.

„За време на војната во Украина, 33 доброволци од Грузија веќе загинаа. Грузија жртвуваше многу животи за поддршка на Украина“, изјави Мамулашвили за грузиските медиуми на 5 декември.

Тој број на 15 декември се искачи на 35, кога грузиската служба на РСЕ објави дека загинале уште двајца грузиски борци. Еден од војниците беше именуван како Серго Лисих, кој почина на 13 декември.

„Вчера ми се јави еден новинар и ме праша дали знаеш нешто за Серго? Немав поим што се случува, му пишав на Серго пред 22 часа. Последно што ми пиша беше дека е добро и влегува на бојното поле и мора да го прекине контактот. Тоа беше нашата последна комуникација. Оттогаш , тој не ги видел моите пораки“, изјави за РСЕ неговата блиска пријателка Заза Адуашвили на 14 декември.

Грузискиот борец Серго Лисих беше убиен за време на борбите во Украина на 13 декември.
Грузискиот борец Серго Лисих беше убиен за време на борбите во Украина на 13 декември.

И покрај опасностите и неодамнешното зголемување на бројот на жртви во Грузиската легија, Чхетиани рече дека неговата одлука да се приклучи на армијата на Украина била правилна.

„Она што ме убеди беше дека оваа војна не е само за Украина, па дури и за Грузија, туку и за целиот свет. Нашите две земји, нашата мала земја и Украина која е многу поголема, имаат заеднички непријател“, рече тој.

За Чхетиани и многу други Грузијци, руската војна против Украина повторно ги разгорува горчливите спомени од инвазијата на Москва врз нивната земја во 2008 година. На 8 август истата година, руските сили го започнаа почетокот на првата европска војна во 21-от век.

Чад над зградите по руското бомбардирање на Гори, 80 километри од Тбилиси, на 9 август 2008 година.
Чад над зградите по руското бомбардирање на Гори, 80 километри од Тбилиси, на 9 август 2008 година.

Русија внесе војници, протерувајќи ги грузиските сили од спорните територии Јужна Осетија и Абхазија, раселувајќи повеќе од 190.000 луѓе.

Сега, Москва ги признава и двете како независни држави и одржува големо воено присуство во двата региони. Повеќето земји не ги признаваат Јужна Осетија и Абхазија како независни, туку како дел од Грузија.

Чхетиани се борел во војната во 2008 година и тоа е само едно поглавје во неговото богато воено искуство. Тој, исто така, учествуваше во мировните операции во Авганистан како член на Меѓународните сили за безбедносна помош (ИСАФ) предводени од НАТО, како и другите Грузијци кои се борат во Украина.

Тој ѝ се приклучи на украинската армија во 2018 година и вели дека видел многу акции на бојното поле додека не отсуствувал поради повредата.

Повеќе од 20.000 доброволци од 52 земји во раните денови на инвазијата рекоа дека одговориле на повикот на Киев да дојдат и да се борат, според украинските власти.

Сепак, не е јасно колку навистина зедоа оружје за да се борат.

Советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович во јули изјави дека околу 1.000 проукраински странски борци учествувале во битките.

Се чини дека борците од Источна Европа и поранешните советски републики сè уште „го сочинуваат најголемиот дел од пристигнувањата, а Полска, Грузија, Белорусија, Летонија, Литванија и Романија се меѓу најчесто спомнуваните во отворените извори како земји на потекло“, забележа „Russia Matters“ во август оваа година.

XS
SM
MD
LG