Бугарски музичари лансираа инструмент и за глуви и за слепи деца
Musico е блескав, вертикален музички инструмент и сет тапани кој реагира на допир и гест - но не е играчка. Новиот уред е дизајниран да им овозможи на глувите и слепите деца да прават музика, а ќе им се допадне и на оние со аутизам. Бугарската визуелна уметница Полина Герасимова и тим од инженери и музичари го создадоа Musico со инфрацрвени сензори за откривање на движење, произведувајќи звуци на мал оркестар. Нивната мисија: Дозволете им на слепите деца да слушнат мелодија додека глувите можат да гледаат музика во боја.