Како Бугарија се однесува со мигрантите?
Истрагата на РСЕ и други медиуми покрена сериозни прашања за наводните злоупотреби на мигрантите и бегалците кои пристигнуваат во Бугарија. Тајно снимените видеа покажуваат како луѓе се држат во колиби со непријатен мирис со решетки. Луѓето кои тврдат дека се бегалци им кажале на новинарите дека им било ускратено правото да бараат азил, биле малтретирани и вратени во Турција. Ова беше заедничка истрага на Бугарскиот сервис на РСЕ, Lighthouse Reports, Sky News, ARD Monitor, Domani, SRF, Le Monde и Der Spiegel.