Трајанов и Џафери во кавга за „безбедносен пропуст“ во Собранието
Пратеникот Павле Трајанов рече дека од некои новинари дознал дека тонот од затворената комисиска седница, на која сведочеше директорот на АНБ Виктор Димовски за случајот со украинецот Олександр Онишченко, се слушал во позадина на јутуб-преносот од Собранието. Претседателот на Собранието Талат Џафери нервозно одговори дека тоа се испитува.