Вести
Риши Сунак, фаворит за иден британски премиер по повлекувањето на Џонсон
Отворен е патот за Риши Сунак да стане иден премиер на Велика Британија, откако неговиот ривал Борис Џонсон се откажа од трката, признавајќи дека повеќе не може да ја обедини нивната партија по еден од најтурбулентните периоди во британската политичка историја.
Сунак, 42-годишен поранешен министер за финансии, би можел да биде именуван за лидер уште во понеделник на местото на Лиз Трус, со што ќе стане трет британски премиер за помалку од два месеци. Во Велика Британија премиер станува лидерот на владејачката партија.
Мултимилионерскиот поранешен шеф на хеџ фондот ќе се соочи со еден од неговите најзастрашувачки предизвици, со задача да ја обнови фискалната репутација на Британија преку длабоки кратења на трошоците додека таа се лизга во рецесија, влечена од зголемените стапки на енергија, храна и хипотеки.
Тој, исто така, ќе претседава со партијата која во последниве месеци влегува од една криза во друга, длабоко поделена по идеолошки линии и во земја која се повеќе е бесна на однесувањето на нејзините политичари.
„Обединетото Кралство е одлична земја, но ние се соочуваме со длабока економска криза“, рече Сунак во изјавата со која ја објави својата кандидатура во неделата.
Тој прво мора да го победи конечниот кандидат во натпреварот, Пени Мордоунт, која се бори да обезбеди поддршка од 100 пратеници за да излезе на гласачкото ливче во понеделник. Мордоунт, кој е лидер на Долниот дом, досега добил поддршка од околу 25 политичари. Повеќе од 150 го поддржаа Сунак.
Ако не го помине прагот, Сунак би станал премиер. Ако пак таа влезе на гласачкото ливче, партиските членови ќе изберат победник во петок.
Риши Сунак првпат го привлече националното внимание кога, на 39-годишна возраст, стана канцелар на финансии во времето на Џонсон, токму кога пандемијата Ковид -19 ја погоди Британија, развивајќи шема за отсуство за поддршка на милиони луѓе преку повеќекратни карантини.
Доколку биде избран, поранешниот аналитичар на Голдман Сакс ќе биде првиот премиер на Обединетото Кралство со индиско потекло.
Неговото семејство мигрирало во Британија во 1960-тите, период кога многу луѓе од поранешните британски колонии пристигнале да помогнат во обновата на земјата по Втората светска војна.
По дипломирањето на Универзитетот во Оксфорд, тој подоцна отиде на Универзитетот Стенфорд каде ја запозна својата сопруга Акшата Мурти, чиј татко е индискиот милијардер Н.Р. Нарајана Мурти, основач на аутсорсинг гигантот Infosys Ltd. Работел и во Голдман Сакс како аналитичар.
види ги сите денешни вести
Обвинителството бара одземање на пасошот на Деспотовски
Против поранешниот директор на Тирз и поранешен потпретседател на СДСМ Јован Деспотовски е отворена истражна постапка поради основано сомневање за злоупотреба на службена положба. Според соопштението од Основното скопско обвинителство, до Кривичниот суд е поднесено барање за одземање на пасошот и обврска привремено да се јавува во Судот како мерки на претпазливост.
„Во предметот се уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа“, се вели во соопштението од Обвинителството.
Претходно Деспотовски ги демантираше информациите во дел од медиумите дека е приведен поради проневера на два милиони евра.
„Во моментов, ги преземам сите потребни правни чекори за заштита на мојата чест и углед. Навистина очекувам медиумите да ја проверат точноста на информациите пред нивно објавување, со цел да избегнат понатамошно ширење на дезинформации“, се вели во писмената реакција на Деспотовски.
Претходно, во текот на минатиот месец Телма објави дека Финансиската полиција веќе работи на истрага за фирма која имала 5 тендери во ТИРЗ за изработка на инфраструктура во економските зони во Штип и Струмица, а била учесник и добитник на договори за набавка на јаглен за РЕК Битола.
За „зделки“ во ТИРЗ, минатата година обвинуваше и ВМРО-ДПМНЕ. Во октомври минатата година по ваквите обвинувања Деспотовски кој беше и директорт во тоа време, ги демантираше тврдењата на тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ.
Зеленски го обвини Фицо дека извршува „наредби на Путин“
Заканата на Словачка дека ќе го прекине вонредното снабдување со електрична енергија за Украина е исполнување на наредбите на Кремљ, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој во денешното обраќање на социјалните мрежи го обвини лидерот на Словачка дека извршува „наредби“ од Кремљ со цел им наштети на Киев и украинскиот народ со засилување на енергетската криза во текот на зимата.
„Се чини дека (рускиот претседател Владимир) Путин му дал наредба на (Роберт) Фицо да се отвори вториот енергетски фронт против Украина на сметка на интересите на словачкиот народ. Заканите на Фицо дека ќе го прекине вонредното снабдување со електрична енергија на Украина оваа зима додека Русија ги напаѓа нашите електрани и енергетската мрежа може да се објаснат само со ова“, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Овие коментари доаѓаат откако Фицо на 27 декември се закани дека ќе го запре снабдувањето со електрична енергија за Украина доколку Киев го блокира транзитот на руски гас за Словачка.
Украина објави дека нема да го продолжи транзитниот договор на руската државна компанија Гаспром по 1 јануари, со што ќе престане испораката на гас за неколку европски земји, бидејќи Западот сака да го прекине изворот на финансирање на Кремљ за војната.
Договорот за транспорт беше потпишан пред да започне целосната инвазија на Украина на Русија во февруари 2022 година, а повеќето европски земји оттогаш почнаа да развиваат алтернативни извори на гас, иако Фицо вели дека наоѓањето алтернативи би било премногу скапо за Словачка.
Фицо, заедно со унгарскиот лидер Виктор Орбан, го налути Западот со тоа што продолжи да има блиски врски со Путин и покрај санкциите на од САД и ЕУ. Фицо го посети Путин во Москва претходно оваа недела и му понуди да биде домаќин на потенцијалните мировни преговори меѓу Украина и Русија.
Зеленски рече дека Словачка сочинува речиси 20 отсто од увозот на електрична енергија во Украина.
„Словачка е дел од единствениот европски енергетски пазар и Фицо мора да ги почитува заедничките европски правила“, напиша Зеленски.
„Како било произволно решение во Братислава или наредба на Москва до Фицо во врска со електричната енергија не може да го намали снабдувањето со електрична енергија на Украина, но тие секако можат да ги намалат врските на сегашните словачки власти со европската заедница“, додаде тој, сугерирајќи дека овој потег самата Словачка ќе ја лиши од околу 200 милиони долари годишно.
Во меѓувреме, додека руската инвазија во целосни размери се приближува кон својата четврта година, Украина и Русија разменија обвинувања за напади со беспилотни летала во неколку региони додека судирите на бојното поле се интензивираа долж линиите на фронтот, со „најжешките“ борби пријавени околу зафатениот украински град Покровск.
Грузиската претседателка се приклучи кон антивладините протести
Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили им се придружи на илјадниците прозападни демонстранти на улиците на Тбилиси во знак на протест против потезите на владата предводена од „Грузискиот сон“ да ја одложи поблиската интеграција со Европската унија и нејзиното наклонетост кон Русија.
Протестот на 28 декември се одвива на само еден ден пред очекуваниот „екпслозивен политички ден“, откако претседателката Зурабишвили најави дека нема да се повлече на крајот на нејзиниот мандат на 29 декември.
Таа на 23 декември ја повика владејачката партија Грузиски сон, која важи за блиска до Русија да одреди датум за нови парламентарни избори до 29 декември поради немирите кои беа предизвикани од последните избори и едностраната одлука на партијата да ги одложи преговорите со Европската Унија.
Зурабишвили е во судир со партијата откако победи на парламентарните избори во октомври, за кои имаше обвинувања за изборна измама. Опозицијата одби да го признае гласањето, обвинувајќи го Грузиски сон за фалсификување на гласањето за да се држи до власта.
Зурабишвили и демонстрантите, веејќи грузиски и знамиња на Европската Унија, маршираа во главниот град, а на демонстрантите им се придружија пратениците од сојузничките земји, вклучително Полска и Литванија, за да формираат „синџир на единство“.
Со денешниот собир беше одбележан еден месец од почетокот на неодамнешниот бран антивладини протести, кои беа проследени со насилни полициски акции, повредени и масовни апсења од страна на грузиските власти. Демонстрантите ја обвинуваат владата на партијата Грузиски сон дека ја оддалечува земјата од ЕУ и се приближува до Москва.
Политичката криза избувна откако Грузискиот сон ја објави победата на парламентарните избори во октомври, за кои Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) рече дека биле нарушени со случаи на купување гласови, двојно гласање, физичко насилство и заплашување.
Митинзите се интензивираа по одлуката на владата минатиот месец да ги одложи преговорите за пристапување на Грузија во ЕУ.
На 24 декември, Хјуман рајтс воч повика Грузиските безбедносни сили да бидат под истрага за „бруталното полициско насилство“ врз главно мирните демонстранти кои излегоа на улиците на демонстрациите.
На 27 декември, Соединетите Држави соопштија дека воведоа нови санкции за грузискиот милијардер и пријател на Русија, Бидзина Иванишвили, кој беше поранешен премиер и основач на партијата Грузиски сон, поради поткопување на демократијата во Грузија во „придобивка на Руската Федерација“.
„Под водство на Иванишвили, Грузискиот сон ги унапреди интересите на Кремљ со попречување на евроатлантската траекторија на Грузија - во директна спротивност со она што беше предвидено од грузискиот народ и грузискиот устав“, изјави државниот секретар Антони Блинкен.
Деспотовски: Не сум приведен
Поранешниот потпретседател и поранешен директор на ТИРЗ Јован Деспотовски ги демнатира тврдењата во дел од медиумите дека бил приведен по налог на Управата за финансиска полиција (УФП). Според него објавената информација во дел од медиумите дека е приведен поради сомневање за проневера од 2 милиони евра ја смета за намерно дезинформирање на јавноста.
„Во моментов, ги преземам сите потребни правни чекори за заштита на мојата чест и углед. Навистина очекувам медиумите да ја проверат точноста на информациите пред нивно објавување, со цел да избегнат понатамошно ширење на дезинформации“, се вели во писмената реакција на Деспотовски.
Според извори од Управата за финансиска полиција предмет е отворен против Деспотовски, но приведување не е спроведено.
Претходно, во текот на минатиот месец Телма објави дека Финансиската полиција веќе работи на истрага за фирма која имала 5 тендери во ТИРЗ за изработка на инфраструктура во економските зони во Штип и Струмица, а била учесник и добитник на договори за набавка на јаглен за РЕК Битола.
За „зделки“ во ТИРЗ, минатата година обвинуваше и ВМРО-ДПМНЕ. Во октомври минатата година по ваквите обвинувања Деспотовски кој беше и директорт во тоа време, ги демантираше тврдењата на тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ.
Грузискиот милијардер Иванишвили на американската црна листа
Соединетите Држави соопштија дека воведоа нови санкции за грузискиот милијардер и пријател на Русија, Бидзина Иванишвили. Тој е поранешен премиер и основач на владејачката партија Грузиски сон. На американската црна листа се најде поради поткопување на демократијата во Грузија во „придобивка на Руската Федерација“.
„Под водство на Иванишвили, Грузискиот сон ги унапреди интересите на Кремљ со попречување на евроатлантската траекторија на Грузија,во директна спротивност со она што беше предвидено од грузискиот народ и грузискиот устав“, се вели во изјавата државниот секретар Антони Блинкен на 27 декември.
Блинкен додаде дека „дејствата на Иванишвили и Грузискиот сон ги еродираа демократските институции, овозможија кршење на човековите права и го ограничија остварувањето на основните слободи во Грузија“.
„Силно ги осудуваме дејствијата на Грузискиот сон под водство на Иванишвили, вклучително и неговата тековна и насилна репресија врз грузиските граѓани, демонстрантите, членовите на медиумите, активистите за човекови права и опозициските личности. Новите мерки ќе ги блокираат трансакциите во кои се вклучени субјекти во сопственост на Иванишвили“, се вели во соопштението.
Ббогатството на Иванишвили се проценува на 7,5 милијарди долари, а голем дел од него доаѓа преку метали, банкарство и телекомуникациски средства во Русија во текот на 1990-тите, се вели во анализата на Блумберг њуз.
Премиерот Иракли Кобахиџе ја нарече американската акција „уцена“ и дека тоа е „награда“ за Иванишвили поради, како што вели, заштитата на националниот интерес на Грузија.
Американската одлука за санкции за Ивинишвили беше поздравена од опозицискиот грузиски лидер Гиорги Вашадзе, според кој грузискиот милијардер е носител на хаос и мизерија во земјата.
Во претходната акција, Соединетите Држави на 12 декември рекоа дека „ќе го забранат издавањето визи на оние кои се одговорни или соучесници во поткопувањето на демократијата во Грузија“.
Со таа одлука беа погодени околу 20 лица, „вклучувајќи поединци кои служат како владини министри и во парламентот, службеници за спроведување на законот и безбедност и приватни граѓани“.
Во ова соопштение не беа посочени имињата на опфатените со американски санкции.
Грузија, која некогаше беше и близок сојузник со САД, ги налути Вашингтон и Брисел откако во знак на наклоност кон Русија се откажа од евроатланските интеграции и потоа презема насилно мерки за задушување на домашните демонстрации кои настанаа по одлуките на новиот проруски премиер.
Полицијата во Тбилиси се судри со прозападните демонстранти во изминатите неколку недели, при што беа приведени десетици и повредени голем број луѓе кои ја обвинуваат владата на партијата Грузиски сон дека ја оддалечува земјата од Европската унија и се приближува до Москва.
Политичката криза избувна откако Грузискиот сон ја објави победата на парламентарните избори во октомври, за кои Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) рече дека биле нарушени со случаи на купување гласови, двојно гласање, физичко насилство и заплашување.
Два италијански аеродрома мета на проруска хакерска група
Проруски хакери го нападнаа компјутерскиот систем на двата аеродроми во северниот италијански град Милано, јавува германската новинска агенција ДПА.
Хакерската група Нонеим057 ( Noname057 ) ја презедоа одговороста за нападот во соопштение објавено на социјалната платформа „Телеграм“. Во него нападот е опишан како „заслужен одговор на италијанските хејтери на Русија“.
По хакерскиот напад веб-страниците каде што може да се следат полетувањата и слетувањата не се достапни.
Аеродромскиот оператор соопшти дека летовите продолжиле да функционираат нормално. Во истрагата за случајот се вклучи и италијанската Агенција за заштита од компјутерски криминал.
Според дел од италијанските медиуми и неколку други италијански веб-страници, вклучително и почетната страница на Министерството за надворешни работи, биле мета на хакерски напади.
Талибанците погодиле цели во Пакистан
Авганистанската влада предводена од Талибанците соопшти дека талибанските сили биле насочени кон, како што тврди, „центри и засолништа за злонамерни елементи“, за кои рече дека биле вклучени во неодамнешниот напад во Авганистан, додека продолжува порастот на прекуграничните борби.
Изјавата на Министерството за одбрана на талибанците следи по извештаите за смртоносните судири во раните утрински часови на 28 декември меѓу талибанските сили и пакистанските граничари.
Тоа се случи неколку дена откако владата соопшти дека пакистански авиони бомбардирале цели во Авганистан во напад, кој според неа, уби десетици цивили.
Талибанските власти дадоа неколку детали за нападите, за кои, како што велат, биле извршени врз цели во неколку области зад „хипотетичката линија“, повикувајќи се на дел од границата со Пакистан што авганистанските власти долго време ја оспоруваат.
Локалните извори за Радио Азади, авганистанскиот сервис на Радио Слободна Европа, изјавија дека три лица во провинцијата Пактија биле убиени, а двајца се ранети од истрели од пакистанските граничари, а дека судири имало и во провинцијата Хост. Извештаите не можеа да бидат независно проверени.
Засега нема коментар од пакистанската влада.
Но, шефот на заедницата во областа Курам за Радио Машаал на РСЕ изјави дека талибанските сили истрелале ракети врз две безбедносни пунктови во близина на границата околу 6 часот, по што започнале борбите кои продолжиле неколку часа.
Министерството за одбрана на Талибанците сугерираше дека нападите врз Пакистан се одмазда за, како што рече владата предводена од Талибанците, пакистански воздушни напади во кои загинаа 46 цивили во провинцијата Пактика, која исто така се граничи со Пакистан, на 24 декември.
Пакистан вели дека милитантите од исламистичката група Техрик-е Талибан Пакистан (ТТП) се кријат преку границата во Авганистан, а Исламабад постојано барал од авганистанските талибанци да преземат акција против нив. Авганистанските талибанци велат дека ТТП е во Пакистан.
Има постојан пораст на нападите на ТТП во северозападната пакистанска провинција Хајбер Пахтунхва откако Талибанците се вратија на власт во Кабул во август 2021 година по повлекувањето на силите предводени од САД од Авганистан.
Путин:Руската воздушна одбрана беше активна кога се урна азербејџанскиот авион
Рускиот претседател Владимир Путин му се извини на азербејџанскиот претседател Алиев за смртоносната несреќа на патнички авион која настана на 25 декември.
Путин на азербејџанскиот лидер Илхам Алиев на 28 декември му рекол дека руската противвоздушна одбрана била активирана за да се одбие наводниот напад со украински беспилотни летала додека авион на Азербејџан ерлајнс се обидел да слета во рускиот град Грозни.
„Во ова време Грозни, (градот) Моздок и Владикавказ беа нападнати од украински борбени беспилотни летала, а руската воздушна одбрана ги одбиваше овие напади“, се наведува во соопштението од Кремљ за тоа што му рекол Путин на Алиев.
Меѓутоа, во него не е наведено дека Путин спомнал оти руската воздушна одбрана е одговорна за соборувањето на авионот, поточно дали руски проектил го соборил авионот.
Кога патничкиот авион со 67 луѓе се урна на брегот на Каспиското Море во Казахстан рано на 25 декември, руските власти и државните медиуми беа брзи во посочувањето на можните причини: густа магла, удар од птица и потоа се појавија снимки кои покажуваат оштетување на моторот пред несреќата и експлозија на резервоар за кислород во кабината.
Но, сè повеќе докази покажуваат дека авионот на Азербејџан ерлајнс, кој се движеше од Баку за Грозни - главниот град на руската област Чеченија, можеби бил погоден од противвоздушна одбранбена ракета која бранела наводен украински напад со беспилотно летало врз Чеченија, пред да го премине Каспиското Море и да се урне во близина на Актау, Казахстан, при што загинаа 38 патници и членови на екипажот.
Доказите, од кои голем дел не се потврдени од властите во Азербејџан, Казахстан или Русија, вклучуваат снимки од внатрешноста на авионот пред падот, слики по несреќата од делот од опашката на авионот со дупка, коментари на преживеан и профили кои укажуваат дека имало сомнителен напад со дрон околу времето кога авионот очигледно се обидел да слета во Грозни.
Извештаите за напад со беспилотно летало врз Грозни околу времето кога авионот бил во областа, беа објавени и на каналот на Телеграм на чеченската опозиција и од База - руски медиум со врски со безбедносните служби. База, исто така наведе дека аеродромот во Грозни престанал да прифаќа дојдовни летови поради наводниот напад.
Казахстанските, руските и азербејџанските власти рекоа дека нема да коментираат за причината за несреќата додека не заврши истрагата, а портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, ги повика другите да не објавуваат „хипотези“.
Скопјани на протест бараат чист воздух
Скопјани по втор пат месецов изглегоа на протестен марш против загадувањето на воздухот по иницијатива на „Зелен Хуман Град“. Протестот започна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжи кон Собранието, па кон Владата, а предвидено е да заврши пред бараките на Град Скопје.
Демонстрантите носеа пароли во рацете на кои пишуваше „Сакаме чист воздух“, „воздухот ни е отров, власта ни е глува“, „од смогот не се гледа иднината“.
Тие заедно со „Зелен Хуман Град“ поставија четири барања за борба против аерозагадувањето во Скопје. Бараат јавен континуиран мониторинг на индустриските објекти за да се знае точно кој и како загадува.
„Второто барање се однесува на еколошко загревање на објекти како Детската клиника во Козле, која сè уште се загрева на мазут. Третото барање е решавање на автоцентричноста во градот, со приоритет на јавниот превоз и велосипедите над автомобилите и четвртото барање е подобро управување со отпадот, изјави Борјан Јовановски од иницијативата „Зелен хуман град“.
Организаторите на протестот рекоа дека поминале две недели откако ги доставиле барањата по одржувањето на првиот протест, но одговор од институциите нема.
„ Ги полниме болниците и ги оставаме своите пари по аптеките“, посочија од „Зелен хуман град“ во најавата за протесот.
Скопје честопати се наоѓа меѓу десетте најзагадени градови во светот, но единствената мерка која често се применува е бесплатен јавен превоз кога воздухот е најзагаден три дена по ред.
Организаторите на маршот, минатиот пат соопштија дека протестот се организира бидејќи секоја година од 3.828 до 5000 луѓе во државава ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5.
„Секој деветти смртен случај кај новороденчињата во Северна Македонија е поврзан со загаден воздух“, објави агенцијата на Обединетите нации во септември годинава.
Со концентрации кои во континуитет го загрозуваат здравјето на граѓаните, Северна Македонија со години е рангирана на врвот меѓу земјите со најзагаден воздух во Европа.
Официјалните податоци на државниот мониторинг секоја година покажуваат дека градовите како Скопје, Битола и Тетово имаат високи концентрации на ПМ2,5 и ПМ10 честички, особено во зимските месеци. Во февруари 2024 година, Скопје повторно се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот, а просечните нивоа на ПМ10 или ПМ2,5 честички ги надминуваат дозволените граници повеќе од 100 дена во годината.
Муртезани: Мора да го заштитиме пристапниот процес во ЕУ од билатеризација
Мора да го заштитиме пристапниот процес кон Европската Унија (ЕУ) од билатеризација затоа што тоа сега е и проблем на Унијата, тврди министерот за европски прашања Орхан Муртезани во интервју за новинската агенција МИА. Неговата изјава доаѓа по говорот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Собранието во кој таа посочи дека сериозна е опасноста од преседаните да се претворат во пракса.
„Билатерализацијата на процесот на пристапни преговори во Европската Унија не станува проблем само за земјите кандидати, туку почнува да станува сериозен проблем и за самата Унија, особено сега кога при затворањето на поглавјата на Црна Гора и Хрватска најави одредени блокади. Исто така, и за други земји кандидати во најава има одредени блокади и билатерализацијата на процесот на пристапување во Европската Унија не создава штета само за земјите кандидати, туку и за Европската Унија“, вели Муртезани.
Тој тврди дека европските институции се свесни за овие проблеми и ги слушаат македонските аргументи со големо внимание.
„Ние на неколку наврати заедно со премиерот сме се обиделе да објасниме дека преземените обврски во однос на спроведувањето на уставните измени стојат како такви, постои политичка волја и спремност тие да се носат, меѓутоа притоа мора ние да го заштитиме процесот од понатамошна билатерализација, особено од една дополнителна причина бидејќи дизајнирањето на процесот на пристапување е при спроведување на одредени реформи и одредени европски стандарди“, вели Муртезани за МИА.
Според него, нема никаква смисла ако овој процес ние го тераме врз основа на одредени историски случувања во 11, 12 или 13 век. Тој се надева дека последните избори во соседна Бугарија ќе завршат со солидна стабилна политичка влада со која ќе седнат да разговараат затоа што билатералните договори создаваат обврски за двете страни.
„А со Договор за добрососедство и пријателство Бугарија е обврзна да не’ поддржува, а не да не’ блокира“, додава тој.
Новата еврокомесарка за проширување Марта Кос во изјава за медиумите по одобрувањето на новиот состав на Европската комисија на 27 ноември изјави дека очекува Северна Македонија да го промени Уставот.
„Тоа е нешто на коешто сметаме. Ништо помалку, ништо повеќе. Верувам дека тоа е можно, и после тоа навистина да го забрзаме процесот“, порача Кос.
Првата меѓувладина конференција со ЕУ, Северна Македонија ја одржа на 19 јули 2022 година. За да се одржи втората и да почнат да се отвораат поглавјата македонскиот парламент треба да изгласа уставни измени со кои Бугарите ќе ги вметне во Преамбулата.
Мултимедија
Најпосетени
Што треба да знаете