Функционери изминатиот период беа во посета на земјите од регионот за да договорат набавка на енергенси, за производство на струја и за затоплување, но засега „црно-на бело“ се само јагленот и мазутот од Грција. Во меѓувреме власта апелира граѓаните да не се грижат.