На 1 септември беше отворен првиот меѓународен саем на вино на Саемот во Белград, кој се одржува како дел од регионалната иницијатива „Отворен Балкан“.
„Отворен Балкан“ го отвори Саемот за вино во Белград

5
Саемот свечено го отворија претседателот на Србија, Александар Вучиќ (во средината), премиерот на Албанија, Еди Рама (лево) и премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Србија, Албанија и Северна Македонија се земјите кои ја започнаа иницијативата „Отворен Балкан“.

6
„Нашата намера е да го организираме овој саем на годишно ниво и да го преместуваме од еден главен град во друг, но да поттикнеме многу други да бидат дел од нашиот саем“, рече албанскиот премиер Еди Рама.

7
„Нашата работа е да го срушиме товарот на историските бариери и да го тргнеме тешкиот товар од грбот на нашите потомци“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

8
„Многу луѓе не прашуваат дали е ова политичка иницијатива, а ние упорно повторуваме дека е економска иницијатива и тоа го потврдивме денеска“, рече премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.