Камења и молотов коктел кон Собранието, има повредени и приведени
Ескалираа протестите против „францускиот предлог“ за откочување на македонските евроинтеграции. Група од стотина млади маскирани демонстранти со камења ги искршија прозорците на Собранието. Кон полицијата фрлија и молотов коктел. Полицијата ги разби протестите. Има повредени полицајци и приведени демонстранти. На четвртиот ден протести против „францускиот предлог“ имаше илјадници луѓе. Кога почнаа судирите со полицијата, најголем дел од нив се разотидоа. Демонстрантите сметаат дека предлогот е неприфатлив зашто ќе ја бугаризира Македонија.