Урнати заштитните огради, јајца за Собранието и владата
Илјадници луѓе трета вечер во Скопје протестираа против францускиот предлог за остранување на бугарското вето за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија. Дел од демонстрантите, предводени од лидерот на помалата политичка партија Левица, Димитар Апасиев, ја бутнаа заштитната ограда пред Владата и Собранието. Фрлаа ролни хартија, пластични шишиња, балони со вода и јајца кон Владата. Демонстрантите сметаат дека со францускиот предлог се бугаризира Македонија, не се признава македонскиот јазик и историја и бараат од владата да го отфрли.