Мицкоски – Избори за спас на Македонија
Секој поминат ден со СДСМ и ДУИ на власт сме поблиску до опасноста да ја снема Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митинг во Скопје, на кој побара предвремени парламентарни избори. Ако нема одлука за избори летово, тој се закани со блокади на институциите и на патиштата.