Наумовски – Проширување на ЕУ за конечна стабилизација на Западниот Балкан
Руската инвазија врз Украина ја освести ЕУ дека има нарушување на основите на меѓународното право на европскиот континент. Проширувањето е тесно поврзано и со европската безбедносна политика во насока на конечна стабилизација на Западниот Балкан, вели поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Васко Наумовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.