Достапни линкови

 
Дали војската на Украина може да продолжи да ги победува руските сили?

Дали војската на Украина може да продолжи да ги победува руските сили?


Уништените руски тенкови и воени возила во Буча, Украина на 16 мај.
Уништените руски тенкови и воени возила во Буча, Украина на 16 мај.

Пензионираниот полковник на специјалните сили на САД Лиам Колинс, извршен директор на Политичкиот форум Медисон, објаснува како украинските тактики можат да ги победат руските сили и зошто војната нема да заврши наскоро. Рид Стендиш

Како најнов знак на зголемена фрустрација поради лошите перформанси во Украина, руската војска неодамна отпушти или смени неколку теренски команданти, сoопшти британското Министерство за одбрана.

Британските наоди, од 19 мај, укажуваат на растечки неуспеси и неред во руската војска во нејзината речиси тримесечна војна, која беше започната на 24 февруари во услови на предвидувања дека нејзините сили ќе можат да ја преземат контролата врз Украина за неколку денови или недели.

Како реакција на посилниот од очекуваниот украински отпор, руските трупи ги ревидираа своите воени цели и остануваат фокусирани врз источниот украински регион Донбас, каде што е во тек бавна и скапа кампања проследена со брзи украински контранапади.

И покрај многубројните проблеми и недостатоци, руските сили сè уште ја одржуваат предноста во однос на бројноста и огнената моќ и се чини дека се прилагодуваат на украинската тактика со преминување кон напади со помали единици, соопшти Пентагон на 18 мај.

Полковник Лиам Колинс
Полковник Лиам Колинс

Тактичката промена потенцијално може да доведе до натамошни мали придобивки на руските сили, но исто така може да биде знак за сè поскромните амбиции од страна на руските команданти и за политичките цели на Кремљ во Украина.

Лијам Колинс, пензиониран полковник од специјалните сили на САД и извршен директор на Политичкиот форум Медисон во интервју за РСЕ оценува дека украинските сили напредуваат со нивниот одговор на руската инвазија:

Лиам Колинс: Начинот на кој се игра во последните неколку месеци е она што мислам дека можете да го очекувате. Ја имате оваа поголема воена сила што ја имаат Русите, но таа е слабо обучена и слабо водена сила со лоша логистика. Тука имате руска големина наспроти тактички умешната украинска војска. Значи, ќе имате некои придобивки од оваа поголема руска воена сила, но на крајот, на тактичко ниво, Украинците секогаш ќе ги надминуваат. Русите прават некои напредоци, но потоа помалите сили полека ги отфрлаат како што направија Украинците во Киев, а сега до Харкив, и би очекувал да го видам тоа веројатно во Донбас како што украинските ќе бидат способни да потиснат некои од руските напредоци во овој момент.

Руски војници патролираат во уништен дел од металуршкиот погон во Мариупол, на територијата под владата на проруските сепаратисти во источна Украина, на 18 мај
Руски војници патролираат во уништен дел од металуршкиот погон во Мариупол, на територијата под владата на проруските сепаратисти во источна Украина, на 18 мај

РСЕ: Русија продолжува да ги менува своите воени цели. Новата анализа на Институтот за проучување на војната вели дека руските сили веројатно ја напуштиле својата цел да ги опколат украинските војници од Изум на север и од градот Доњецк на југ и наместо тоа ќе ја фокусираат својата источна кампања на заземање на провинцијата Луганск. Што ви кажува тоа за способноста на Русија на бојното поле? Дали би можеле да успеат во тоа?

Колинс: Факт е дека Русија во суштина не постигна ништо. Таа имаше навистина широки цели на почетокот, а потоа ги намалуваше секој пат кога немаше успех или не успеваше со своите операции. Кремљ мора да излезе од ова со некаква победа и затоа тие само продолжуваат да ја намалуваат нивната цел за да постигнат нешто што може да се продаде како победа. Но, тешко е да се види дека дури и ако тие можат да постигнат придобивки во Луганск, па дури и да ја зграпчат целата провинција, до каде води тоа?

На крајот треба да постигнете некаков договор со преговарање, а Украина не е подготвена да отстапи повеќе територија, бидејќи по осум години од Донбас, тие не се подготвени да преговараат за договор што и дозволува на Русија да ја задржат таа територија. Од перспектива на Русија, тие се подготвени да го намалат она што го сакаат, но тешко е да се види долгорочно како тоа е одржливо за која било страна, бидејќи и двете мора да постигнат договор за крај на војната. За сега, нема договор што ќе функционира меѓу двата народа.

Украински војник ги проверува остатоците од уништен руски тенк во регионот на Киев.
Украински војник ги проверува остатоците од уништен руски тенк во регионот на Киев.

РСЕ: Според вас, дали е безбедно да се каже дека во моментов она што го гледаме се борби за да се дојде до подобра позиција на преговарачката маса?

Колинс: Тоа е она што е војна на крајот на денот. Без разлика дали се работи за внатрешен конфликт, граѓанска војна или меѓудржавна војна, преговорите што се водат се водат додека едната страна не одлучи дека е неодржливо.
За Украинците, тоа е ако на крајот изгубат толку многу борбена моќ што едноставно не можат да ја одржат способноста за борба, бидејќи покажаа дека никогаш нема да ја изгубат волјата за борба. За нив навистина се работи за капацитет и верувам дека дури и да го изгубат тој капацитет, тие само би прибегнале кон некаква герилска војна во тоа време. На руска страна, тоа би било кога би сфатила дека овие загуби ќе бидат катастрофални. Тие имаат значителни загуби, но повторно, навистина е тешко за авторитарен лидер како што е рускиот претседател Владимир Путин да се повлече со загуба.

Руски војник на тенк Т-72 во селото Безимене, кој беше под контрола на проруските сили претходно овој месец.
Руски војник на тенк Т-72 во селото Безимене, кој беше под контрола на проруските сили претходно овој месец.

РСЕ: Имаше голем фокус врз понапредното оружје што го испорачува Запад да може, како што оценуваа некои, да им се даде голема предност на украинските сили. Дали е тоа така?

Колинс: Мислам дека видовме дел од тоа со напредокот што го направија во Харкив со тоа што имаат повеќе системи за артилериско оружје, или дури и со нападни беспилотни летала кои веќе им дадоа -- и ќе продолжат да даваат -- повеќе успех. Соединетите држави и можеби другите западни земји навистина не очекуваа Украина да преживее, па тие навистина им обезбедуваа ограничени системи за оружје пред почетокот на војната, како некои системи за противтенковско оружје. Сепак, ништо од тоа не беше доволно за да им овозможи да бидат успешни затоа што мислам дека едноставно немаше верување дека Украинците ќе се претстават толку добро. Сега кога Украина покажа како може да работи, постои помал страв од предавање на овие оружја и дека тие ќе бидат изгубени или на крајот ќе паднат во руски раце. Овие системи за оружје без сомнение ѝ помагаат на Украина да напредува и дозволија да ги потиснат руските трупи во Харкив.

РСЕ: Руската војска очигледно имаше многу проблеми, но тие сè уште имаат голема огнена моќ и сè уште имаат повеќе војници отколку украинската страна. Дали е реално да се очекува дека новото вооружување може да им овозможи на Украинците решително да ги надминат овие пречки?

Колинс: Тоа е големата мистерија, нели? Мислам дека доказите што би ги барале за да покажете дека може да биде успешен е да погледнете како тие ги оттурнаа од Киев и од Харкив. Но, повторно, Русите исто така] напредуваа по 20 оски со нивната лоша логистика и лошо одржувани системи за оружје. Значи, прашањето е ако Русите се консолидираат во помал простор, дали можат да го постигнат тој успех или да ги задржат придобивките што ги имаат?

Припадник на украински тим за деминирање проверува дали има експлозив околу телата на 11 руски војници во селото Вилхивка, кое беше вратено од украинските сили, во близина на Харкив на 9 мај.
Припадник на украински тим за деминирање проверува дали има експлозив околу телата на 11 руски војници во селото Вилхивка, кое беше вратено од украинските сили, во близина на Харкив на 9 мај.

Во исто време, Украина исто така се концентрира на сѐ помал и помал простор, исто како Русија. И ако се погледне на тактичко ниво, тие успеаја да го надминат најголемиот дел од руските сили. Иако мислам дека ќе бидат потребни месеци или години пред Русија да се истроши на тоа ниво. Но, повторно, има уште многу борба и Русија има супериорни сили. Значи, битката треба да се одигра, но Украина може да биде успешна без сомнение.

РСЕ: Кои се работите што ги следите во врска со војната во Украина во иднина?

Колинс: Ќе се разгледуваат некои од работите што веќе ги изнесовме: Што вели Путин? Како се менуваат реториката и целите на Русија во однос на војната? Сето тоа е показател за тоа како се одвиваат работите и дали ќе продолжат да се намалуваат. Исто така, би рекол да не гледаме на војната како се одвива секој ден. Се разбира, мора да го правите тоа, но како и со тргувањето со акции или инвестирањето, ви треба подолг временски период. Во текот на една недела или повеќенеделен период треба да ги погледнете вистинските успеси што ги има Русија или не, без оглед на нејзината реторика. Москва може да прогласи полуавтономна република или да бара анексија на делови од Украина, но тоа не значи дека тие всушност постигнале некаков напредок. Тоа е само чиста руска реторика на крајот на денот.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG