Руската војска соопшти дека користела ракети од море и воздух, артилерија и авиони за да погоди цели низ Украина. Критична инфраструктура како железницата и цивилните области се под руски оган. Градоначалникот на источниот град Лвив рече дека руски проектили погодиле неколку електрани, предизвикувајќи прекин на струја. Водоснабдувањето во градот, засолниште за голем број раселени Украинци, беше прекинато, а најмалку две лица беа ранети. Некои цивили успеаја да излезат од опколената челичарница Азовстал во Мариупол додека Русија ја интензивира својата воена офанзива во источна Украина. Еве дел од фотографиите од војната
Офанзивата на Русија во источна Украина низ фотографии

1
Чад се издига над западниот град Лвив откако руски проектили го погодија градот доцна на 3 мај.

2
Пожарникари се борат со пожарот на трафостаницата во Лвив, погодена од руски ракети на 3 мај. Украинските власти соопштија дека руската војска, исто така, погодила шест железнички станици во централниот и западниот регион, нанесувајќи голема штета.

3
Украински војници одмараат во близина на градот Изум, југоисточно од Харкив. Руските и украинските сили се борат во областа со недели додека руската војска ги интензивира напорите за контрола на источна Украина.

4
Дете носи украинско знаме за време на митингот „Спасете ја војската во Мариупол“ во Киев на 3 мај. Митингот беше организиран за поддршка на заробениот баталјон Азов, кој се засолни со цивили во бункерите под челичарницата Азовстал. Руските трупи го продолжија нападот врз централата по пауза што овозможи евакуација на некои цивили.