Мајка на украински војник, исчезнат во Азовстал, ги споделува неговите пораки
Мајката на украинскиот војник Марк Затолока вели дека нејзиниот син бил во челичарницата Азовстал во опколениот пристанишен град Мариупол. Во интервју во Киев, Ина Затолока ги сподели своите кратки, но потресни СМС пораки. Таа вели дека сега не знае каква е неговата состојба и каде се наоѓа.