Достапни линкови

Како Русија го прослави Денот на победата во окупираниот Мариупол

Наспроти позадината на уништениот град и со звуците на гранатирање на челичарницата Азовстал што ја тресе земјата, Русија го прослави Денот на победата во „ослободениот“ украински град Мариупол на 9 мај. Имаше еден проблем: многу малку од преостанатите жители на градот разурнат од војна ја искористи бесплатната храна и музиката во живо што требаше да биде добредојден одмор од урнатините што ги опкружуваат.

Пред војната, во градот живееле околу 400.000 луѓе. Се верува дека илјадници цивили загинале во рускиот напад, а десетици илјади остануваат заробени, вклучително и најмалку 100 кои сè уште се засолнети во челичарницата Азовстал.

Советникот на градоначалникот на Мариупол, Петро Андриушченко, ја опиша атмосферата на неговиот канал Телеграм: „Не беше особено забележлива возбуда или радост на улицата. Луѓето се намамени на плоштадот поради ветувањата за дополнителни залихи на храна“.

Тој додаде: „Путлерјугендите (референца за Путин и младината на Хитлер, или „Хитлер Југенд“) се на место. Окупаторите се на место. Соработниците се на место. Единствените кои се не се присутни жителите на Мариупол. Нешто тргна наопаку со празникот. Затоа што Мариупол е Украина, а не Московија“.


16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Категории

XS
SM
MD
LG