Новинарка на РСЕ загина во руски воздушен напад врз станбена зграда во Киев
Во руски воздушен напад извршен на 28 април беше тешко оштетена станбена зграда во Киев, при што загина новинарката на Радио Слободна Европа Вира Гирич, а 10 луѓе беа повредени. Нападот уследи по средбата на украинскиот претседател Володимир Зеленски со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.