„Робови создаваат тирани“: руска уметница против војната во Украина
Најпознатата антивоена активистка во Санкт Петербург е 77-годишната уметница Јелена Осипова, која многумина ја знаат како „совеста на градот“. Осипова отворено ги искажува своите ставови иако повеќе од 15.000 луѓе веќе се приведени во Русија поради мирни протести против војната во Украина.