Спасовски – Управата за финансиско разузнавање извести за случајот со Зекири
Управата за финансиско разузнавање ги следи финансиските трансакции, веднаш каде што постои сомнеж го известува надлежното јавно обвинителство и Министерството за внатрешни работи и постапуваме по однос на овие дела. И за случајот со поранешниот генерален секретар на владата Мухамед Зекири е постапувано на тој начин, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.