Во Лвив, западна Украина, се подготвува цела населба за бегалците од регионите на Украина каде што се водат борби или пак чии домови се уништени во борбените дејствија. Градоначалникот на Лвив вели дека околу 50 илјади расселени Украинци ќе останат подолго време во градот.