Украинска тинејџерка ги нацрта траумите од војната: „Вака изгледа стравот“
Среде бучавата од сирените за воздушни напади, звукот на авионите и бомбите во Мариупол, Украина, една тинејџерка успеала да најде засолниште од стравот, во нејзината уметност. Вели дека цртала и пишувала за своите стравови додека деновите ги минувала скриена во подрум заедно со семејството, пред да избега во Краков, Полска.