Бомби, подруми и погреби: жителите на Мариупол се борат да преживеат
Додека руските сили продолжуваат да го напаѓаат јужниот украински пристанишен град Мариупол, околу 300.000 жители се борат да преживеат. Храната е при крај, а нема вода и струја во опколениот град. Луѓето засолнати во подруми ја користат паузата во гранатирањето за да земат нешто од нивните уништени домови и да ги закопаат мртвите.