Украински деца бегалци сведочат за воениот масакар
Стотици илјади украински деца станаа бегалци откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Нивните сведоштва за ужасите на војната се неверојатна комбинација на нефилтрирани емоции и смирено опишување. Децата размислуваат и за политиката, па едно девојче забележа дека рускиот претседател Владимир Путин можеби бил „запоставен како дете“. РСЕ интервјуираше неколку украински деца бегалци во Полска и Литванија во периодот од 2-8 март.