Достапни линкови

Руска инвазија врз Украина

  • Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека НАТО не сака конфликти, но дека ќе ја брани секоја педа од својата територија, а шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, побара итно повлекување на руските трупи од Украина
  • ОН отвори истрага за руското кршење на човековите права во Украина, а Кремљ упати повик до Русите за поддршка за претседателот Путин
  • Украинските власти соопштија дека е изгаснат пожарот во нуклеарката Запорожја по нападот од руските трупи, по што централата била заземена од руските сили
  • На втората рунда преговори Русија и Украина се договориле само за хуманитарни коридори, а во текот на ноќта руски сили отвориле оган кон нуклеарната централа Запорожја по што избувнал пожар
  • Во ново видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека украинската одбрана се држи, а шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров нагласи дека Русија нема да трпи закани наредени од САД
  • На осмиот ден од инвазијата, руските сили го освоиле градот Херсон, а Меѓународниот кривичен суд отвори истрага за потенцијални воени злосторства на Русија
  • Генералното собрание на Обединетите нации со големо мнозинство гласаше за резолуција со која најостро се осудува неиспровоцираната инвазија на Русија врз Украина
09:04 25.2.2022

УЕФА на вонреден состанок за политичката ситуација во Украина

Меѓу другото, ќе се разговара и за тоа дали на Русија ќе ѝ биде одземена организацијата на финалниот натпревар од Лигата на шампионите, кој треба да се одигра на 28 мај во Санкт Петербург.

09:06 25.2.2022
Бајден: САД ќе ја „бранат секоја педа“ од земјите на НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:23 0:00

09:49 25.2.2022

Британија смета дека Русија сака да ја освои цела Украина

Русија има намера да ја заземе цела Украина, но руската армија не успеа да го испорача тоа на првиот ден од нејзината инвазија, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас.

09:55 25.2.2022

Молдавија прогласи вонредна состојба, очекува прилив на Украинци

Молдавија - украински бегалци
Молдавија - украински бегалци

Премиерката Наталија Гаврилита рече дека повеќе од 4.200 бегалци од Украина веќе влегле во земјата по руската инвазија. Многумина сакаа да продолжат во ЕУ, но најмалку 100 побараа азил во Молдавија. Дописниците на РСЕ известуваат дека молдавските власти формирале центри за тријажа и помош на два гранични премини со Украина

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG