Љубов преку „чат“: Moже ли да биде вистинска?
„Чатовите“ одамна им го земаа престолот на љубовните писма. Додека повозрасните можеби и чуваат по некое за спомен, љубовните спомени на младите денес се на „месинџерите“. Таму дури и почнуваат „врски“. Но, може ли да се вљубиш во некој само преку „чат“, без или уште пред да го запознаеш во живо? Младите во центарот на Скопје одговараа на ова пред камерата на РСЕ. А меѓу нив и еден господин од „времето на љубовните писма“ кој не верува во „вљубувањето преку жица“