Блинкен: Путин го предизвика „она што вели дека сака да го спречи“
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во интервју за Гласот на Америка во Киев изјави дека воената интервенција на рускиот претседател Владимир Путин во Украина во 2014 година го принудила НАТО да го зголеми своето воено присуство во Источна Европа и дека затоа „успеал да го забрза она што тој вели дека сака да го спречи“.