Достапни линкови

Последиците од масовните немири во Казахстан

Ова се фотографии од странски војници и од штетата од немирите во Алмати, една недела по масовните немири што го зафатија Казахстан, предизвикани од поскапувањето на гасот.

Претседателот Касим-Жомарт Токаев повика повеќе од 2.000 војници од Организацијата на Договорот за колективна безбедност, предводена од Русија да помогнат во стабилизирањето на централноазиската држава по масовните демонстрации.

Не е јасен точниот број на загинати во насилствата. Иако официјалниот биланс на загинати е 164, Токаев рече дека стотици цивили и безбедносни сили биле убиени и повредени.


16x9 Image

Гоце Атанасов

Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

Фејсбук форум

Категории

XS
SM
MD
LG