Ескобар - На Северна Македонија местото и е во Европа
Специјалниот американски претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, за време на посетата на Скопје, порача дека со европските партнери работат на тоа да обезбедат побрза евроинтеграција на Северна Македонија.Како што епознато, земјата не може да почне преговори со ЕУ поради блокадата од Бугарија поврзана со историски спорови. Претходно, Ескобар се сретна и со премиерот Зоран Заев и со претседателот Стево Пендаровски, од чиј кабинет соопштија дека двајцата разговарале за севкупните билатерални односи помеѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.