Борбената Пепелашка во количка
Деветнаесетгодишната Марија Савеска е девојка која живее со церебрална парализа и со огромна желба да ги оствари своите соништа. Ужива кога се дружи со пријателите во Дневниот центар за лица со церебрална парализа, а се чувствува посебно своја и слободна кога оди на часови по пеење и на танц. Собра признанија со улогата во првата инклузивна танцова претстава „Пепелашка“, но и многу пријатели во инклузивната група со кои ја дели страста за музика и танц. Со дел од нив, се дружеше пред нашата камера.