Зголемени тензии на полско-белоруската граница
Видеото што го дистрибуираше полското Министерство за одбрана на 8 ноември покажува стотици мигранти кои се обидуваат да ја урнат оградата на границата на Полска со Белорусија. Групата се собрала во близина на граничниот премин Кузница-Бружи. ЕУ го обвини авторитарниот белоруски лидер Александар Лукашенко дека им дозволува на мигрантите да транзитираат во обид да ја дестабилизира Унијата. Овој потег се смета за одмазда за санкциите на ЕУ наметнати на Белорусија по минатогодишните спорни претседателски избори.